Политика за доверливост

1. Вовед

Оваа политика за приватност (Политика за доверливост ги воспоставува начините, на кои Comtrade Distribution doo Beograd и компаниите поврзани со него може да собираат и обработуваат ваши лични податоци.

Во оваа политика за доверливост:

 

  • “ние“, “нас“, “наш“ значи оној дел на Групацијата, со која сте воспоставиле однос. На пример, делот со кој имате деловен однос или кој го организира настанот во кој учествувате или управува со веб страницата која ја користите. Јасно ќе наведеме кој дел е во прашање;
  • “сајт/веб сајт“ значи веб сајтот што го посетувате или со кој сте поврзани; и
  • “Вие“ и “Ваш/Ваша/Ваше“ ве означува цас, лицето кое влегува во интеракција со нас, работи со нас, се пријавува за начите настани или услуги или ја посетува нашата страница.

Со посетата на некоја од нашите веб сајтови, се пријавувате за некои од нашите настани, соработувате со нас, се пријавувате за нашите услуги или на друг начин стапувате во интеракција со нас, давате согласност дека можеме да собираме или да ги обработуваме Вашите лични податоци. Ние сме многу посветени на тоа да ги штитиме и чуваме во тајност кои било информации, што се на тој начин собрани, како и секогаш да се придржуваме на важечките закони.

 

2. Наши контакти:

Адреса: Savski nasip 7, 11070 Beograd, Srbija

Email:  security@comtrade.com

 

3. Податоци што можеме да ги собираме

Можеме да ги собираме и обработуваме Вашите лични податоци што сте ни ги дале, оние што сме ги собрале од трети лица, со кои блиску соработуваме или од јавно достапните извори.

 

4. ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКА

Можеме да ги собираме и обработуваме Вашите лични податоци за следните цели:

  • за да ви ги дадеме информациите или услугите што сте ги побарале од нас. Тие податоци може да подразбираат Вашето име, адреса, е-маил, телефонски број и други релевантни информации;
  • за да бидеме во контакт со Вас како наши деловни партнери и за да бидете во тек со нашите деловни активности и настани. Овие информации може да го вклучуваат Вашето име, адреса, е-маил, телефонски број, функција, име на компанијата и други релевантни информации;
  • за да ги исполниме своите договорни обврски спрема Вас. Тие податоци може да го вклучуваат Вашето име, адреса, е-маил, телефонски број, функција, место на работа, име на компанија, вид на соработка со нас;
  • за да ги подобриме нашите веб сајтови. Тие информации може да ја вклучуваат Вашата IP адреса, географската локација, информациите за Вашиот уред, типот на пребарувач, изворот од каде сте пристапиле кон сајтот, кои страници сте ги прегледале и слични информации. За повеќе информации за колачите, ве молиме видете го член 11 во продолжение;
  • за да ги исполниме или да се придржуваме до законските обврски или услови;
  • за да Ви испраќаме промотивни пораки, кои се однесуваат на нашите активности, вклучително и покани за други настани. Тие информации може да го вклучуваат Вашето име, адреса, е-маил, телефонски број, функција, име на компанијата и други релевантни информации;
  • за регрутирање на нови вработени. Овие информации може да го вклучуваат Вашето име, адреса, е-маил, телефонски број, датум на раѓање, информации за Вашето образование и работното искуство, Cv, фотографија и други релевантни информации;
  • за успешно и ефикасно организирање на нашите настани, вклучително и промотивните активности и објавување на аудио, видео и фотографски документации од настаните.
  • Овие информации може да го вклучуваат Вашето име, функција, име на компанијата, е-маил, телефонски број, кратка биографија со слика (за говорници/изведувачи) и аудио, видео и фотографска документација од настаните.

5. Правна основа за обработка на личните податоци

Ќе ги обработуваме Вашите лични податоци врз следните правни основи:

  • извршување на договор склучен со Вас, во согласност со член 6(1)(б) Општи одредби за заштита на личните податоци (ГДПР), на пример кога сте во деловен однос со нас или кога сте се пријавиле да учествувате или да излагате на некој настан;
  • наш легитимен интерес во согласност со член 6(1)(ф) ГДПР, на пример нашата желба да го подобриме веб сајтот; да ве известуваме за нашите деловни активности и настани;
  • Ваша согласност во согласност со член 6(1)(а) ГДПР, на пример кога прифаќате користење на колачиња на веб сајтот;
  • исполнување на законските обврски, на кои подлежиме во согласност со член 6(1)(ц) ГДПР.

 

6. Откривање на Вашите лични податоци

Можеме да ги откриеме Вашите лични податоци:

  • на нашите поврзани компании
  • на обработувачите на податоците, кои личните податоци ќе ги обработуваат во наше име во согласност со нашите писмени инструкции и во погоре наведените цели;
  • на други корисници, доколку сме обврзани така да постапиме по налог на судот или по налог издаден од друг орган на власт, или сме обврзани со важечки закон.

 

7. Пренос на Вашите лични податоци надвор од ЕУ/ЕЕЗ

Можеме да ги пренесуваме Вашите лични податоци на корисници, кои се наоѓаат надвор од ЕУ/ЕЕЗ (“трети земји“), на нашите поврзани компании и на обработувачите на податоци. Таквото пренесување на податоците е заштитено со следните безбедносни мерки:

–              Европската Комисија одлучи одредени трети земји да обезбедуваат соодветно ниво на заштита;

–              Корисниците од САД се обврзани да ја штитат доверливоста ЕУ-САД, каде Европската Комисија утврдила дека таквите компании обезбедуваат соодветно ниво на заштита;

–             Европската Комисија, поради локалното законодавство или меѓународните обврски на одредени земји, не одлучила дека таквата земја обезбедува соодветно ниво на заштита.

Во таквите случаи, ќе сториме сè за да осигураме дека Вашите лични податоци ќе добијат соодветно ниво на заштита, што ја вклучува употребата на Стандардните договорни клаузули одобрени од страна на Европската Комисија за пренос во земји што не се назначени како земји што обезбедуваат соодветно ниво на заштита. Стандардните договорни клаузули се достапни на различни јазици достапни на овој линк: http://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/?qid=1401799946706&uri=CELEX:32010D0087. За повеќе информации во однос на употребата на Стандардните договорни клаузули можете да нè контактирате преку security@comtrade.com.

Во останатите случаи, Вашите лични податоци можеме да ги пренесеме во трети земји само врз основа на Ваша изречна согласност.

 

8. Време на чување

Ќе ги чуваме Вашите лични податоци само онолку колку што е основано потребно да ги исполниме целите за кои сме ги собрале или добиле, или за да ги исполниме сите важечки законски услови. Во случај во кој правната основа за обработка на Вашите лични податоци е Ваша согласност, ќе ги чуваме додека не ја повлечете согласноста.

 

9. Заштита и обезбедување

Преземаме мерки за претпазливост да ги заштитиме Вашите лични податоци од губење, злоупотреби и неовластене пристап, откривање, измени и уништувања. Презедовме соодветни технички и организаиони мерки за да ги заштитиме информатичките системи, на кои ги чуваме Вашите лични податоци, и бараме од нашите обработувачи на податоци и тие да ги штитат Вашите лични податоци, на договорна основа.

 

10. Ваши права

Освен извесни исклучоци и ограничувања предвидени со важечките прописи, имате право да барате пристап до Вашите лични податоци, вашите податоци да бидат исправени, избришани или да ја ограничите горенаведената обработка, како и да вложите приговор на обработката и на преносот на податоците. Исто така, имате право да не бидете предмет на одлука, која е базирана исклучиво на автоматска обработка, вклучително профилирањето, што произведува последици или што значајно влијае на Вас.

Кога Вашите податоци ги обработуваме врз основа на Ваша согласност, имате право да ја повлечете согласноста во секое време, без влијание на правната основа за обработка, чија основа е согласноста пред повлекувањето.

 

 

Доколку сакате да искористите кое било од горенаведените права, или имате какво било прашање за тоа, Ве молиме да нè контактирате со испраќање на пораки на адресата: security@comtrade.com. Исто така, имате право да вложите жалба до органот надлежен за надзор.

11. Колачиња

Користиме колачиња за да обезбедиме од нашиот веб сајт да добиете максимум. Со помош на колачињата, исто така, можеме да собираме и информации за тоа како ја користите нашата веб страница и за Вашето однесување на интернет. Тој вид на собрани информации може да го вклучува Вашето претходно одредиште, видот на пребарувачи, оперативниот систем, користениот пребарувач, како и траењето на Вашата посета на веб сајтот. За повеќе информации за тоа како ги користиме колачињата, Ве молиме видете ги Правилата за колачиња објавени на дното на веб сајтот.

 

12. Линкови до други веб сајтови

Веб сајтовите може да содржат линкови до веб сајтови на трети лица. Ние не ги контролираме, не сме во никаква врска со нив, не одобруваме такви веб сајтови и не можеме да бидеме одговорни за каква било штета, која произлегува од содржината на тие веб сајтови. Линкови до другите веб сајтови поставуваме само како погодност и препорачуваме да ги прочитате Условите за користење и Правилата за доверливост на овие веб сајтови на трети лица.

 

13. Измени на овие Правила за доверливост

Од време на време можеме да ги ажурираме овие Правила за доверливост. Ажурираните Правила за доверливост ќе ги поставуваме на соодветниот веб сајт на Comtrade или ќе Ви ги испраќаме на барање.